Во Собраниската сала сѐ уште трае расправата за избор на нова влада. Пратеничката на Алијанса за Албанците, Илире Даути смета дека се работи за имиња познати по неуспех и негативни резултати.

Меѓу имињата предложени за новата влада голем дел се од претходниот владин состав кои се познати по неуспех, негативни резултати и скандали но овојпат се предводени од еден друг мандатар, рече Даути.

-Кредибилноста на предложениот состав е под голем прашалник бидејќи мандатарот кој е пред нас промовира познати министри, истиот парламентарен состав ќе мора да избере влада иако овие луѓе не успеаја претходно да ги постигнат целите, додаде таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.