Криминалците и арамиите коишто се власт не смеат да биат причината која ќе го загорзи  датумот за почнување на преговори со Европска Унија, истакна во интервјуто за МТВ 2 лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Хрисијан Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, работеше, работи и ќе продолжи да работи кај сестринските партии во насока на тоа да државата добие датум за почнување на преговори. А јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе подготвувам писмо, истото тоа писмо ќе го упатам до претседателот на Европската Народна партија до лидерите на сите партии кои што се сестрински партии на ВМРО-ДПМНЕ, а се дел од Европската народна партија да сега во октомври безусловно Македонија да добие датум за почнување на предговори, потенцираше Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.