Александар Даштевски вечерва во „Само вистина“ посочи дека власта сака одлуките за време на вонредната состојба да се потврдат, бидејќи нивните беа противуставни.

Погледнете ги уредбите со законска сила кои се носат на што се однесуваат. Имаше уредби со законска сила кои што ги поништи Уставниот суд, беа противуставни. Некои уредби не се однесуваа на пандемијата, односно се донесени поради лукративни причини – истакна Даштевски.

Даштевски потсети дека платите на СЈО се донесоа преку седници во време на вонредна состојба со изговор дека морале да се донесат бидејќи онака ќе тужеле. Не можат да тужат бидејќи мандатот им е истечен на СЈО. Тука се и одлуките за позајмување, за давање на ваучери.

И сега не може опозицијата на такви одлуки да дава легитимитет. Околу 90-тина проценти од одлуките на власта донесени во време на вонредна состојба се донесени поради причини за предизборен поткуп. Околу милијарда евра се позајмија, а најголем дел од тие пари отидоа за предизборен поткуп на сите таргетни групи, пензионери, студенти, невработени итн. – појасни Даштевски.

Даштевски додаде дека одлуките во време на вонредна состојба донесени од страна на власта се за предизборен поткуп, за да победат на избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.