Александар Даштевски универзитетскиот професор, политички аналитичар и новоизбранот претседател на ДИК гостуваше во емисијата “Прашањето ми е следно“, во која кажа дека секоја партија инсистира тој што е предлог за претседател на Државната изборна комисија има искуство бидејќи тоа е пресудно за таа позиција и дека поентата е да се обезбеди слободен фер и демократски изборен процес.

Претпоставувам дека секоја партија гледа дали тој што ќе биде избран има доволно искуство, и дали е доволно спремен. Се треба да биде во согласно со законот и поентата е изборниот процес да биде слободен, фер и демократски потенцираше Даштевски.

Даштевски истакна дека новиот состав на Државната изборна комисија е виско професионален без оглед на тоа што има повеќе членови на опозицијата.

Телото јас сметам пред да дадеме свечена изјава дека е високо професионално без оглед што има повеќе членови на опозицијата. Сметам дека се тоа врвни професионалци појасна Даштевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.