Формално правно мораме да ги запазиме процедурите. Треба прво да се внесе забелешката во дневникот на денот на гласање, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски во гостувањето на утринската емисија на ТВ Канал 5, зборувајќи за приговорите од партиите за првиот изборен круг.

Според него, после тоа врз основа на таа забелешка се внесува во записникот број 16.

-Доколку тоа не биде доволно, во рок од 5 часа треба да се поднесе забелешка во ОИК. Такви работи немаше во ниеден приговор. Тоа се основите по кои ние одлучуваме. Треба да има и некој доказ, за што се однесува забелешката. Засега нема да има прегласување на изборите, во ниту едно избирачко место, рече Даштевски.

Успешно заврши изборниот процес, а за време на вториот круг од гласањето очекувам мирен изборен ден – рече Даштевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.