Дарко Недев, момчето кое го фати крстот во Кавадарци заедно со навивачката група Лозари Исток успеаја да соберат нешто повеќе од 81.000 денари кои ќе бидат донирани за 15-годишната Драгана Малкиќ, која има потреба од операција на окото.

Дарко и навивачката група вчера утрината поставија пункт на градскиот плоштад во Кавадарци, каде сите верници можеа да го целиваат и даруваат крстот. Тие најавија дека средствата што ќе се соберат се наменети за Драгана, на која и е потребна итна операција во странство.

Од навивачката група синоќа известија дека акцијата продолжува.

На семејството им се потребни уште 5.000 евра за итната операција. Затоа, сите кои сте во можност донирајте на следната жиро сметка 280109104095596“, соопштија навивачите.

На петнаесет годишната Драгана Малкиќ итно ѝ е потребна операција на окото. Драгана е единственото девојче во Македонија со оваа болест и до сега ѝ се извршени три операции, а треба да следуваат уште три. Потребни се вкупно 10.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.