Министерот за здравство Венко Филипче денес кажа дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини „Џонсон“.

Таа е единствена вакцина која се дава во една доза.

Вчера Министерството за здравство соопшти дека стигнале 110.612 вакцини против ковид-19 од „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, а до крајот годината е најавена испорака на уште 100 илјади вакцини од овој производител.

Денеска Филипче соопшти дека Комитетот за имунизација донел одлука да се препорача трета доза на вакцина кај граѓани над 60 години, кај сите здравствени работници и трета доза кај пацинети кои имаат имуно компромитирана состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.