Откако недлежните го вперија прстот кон граѓаните за непочитување на мерките, епидемиологот Драган Даниловски за „Алфа“ вели дека не се виновни граѓаните толку, колку што надлежните потфрлиле со слабата информираност.

Недоволното информирање си го стори своето. Ние не можеме да го обвинуваме народот, меѓутоа треба да се запрашаме зошто народот така реагира? Зошто реагира како да не постои проблемот. Требаше да се активира власта за кампањите, мислам дека тоа требаше многу порано да се направи и пожестоко за да видат граѓаните со каков невидилив непријател се соочуваме, смета Даниловски.

Наглиот пораст на корона-кривата во земјава е поради избрзаното олабавување додава епидемиологот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.