Многу е поважно да се следи бројот на хоспитализираните, отколку бројот на позитивните лица, зошто тој многу е порелевантен и поверодостоен показател за динамиката на епидемијата, рече во вчерашното гостување во „Само вистина“ епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Исто така како релевантен параметар, се следи и бројот на починатите лица. Бројот на починатите лица во последниве неколку недели имаше блага тенденција на опаѓање, и мене тоа на некој начин ме натера да верувам дека започна да стивнува вирусот. Меѓутоа еве сега гледаме дека веќе имаме зголемување и на бројот на починатите, истакна Даниловски.

Според него, вирусот имаше мутација во месец април, стана поинфективен, но тоа немало реперкусии врз тежината на клиничката слика.

Д-р Даниловски оцени дека нема втор, трет или четврти бран на пандемијата, туку една константна крива, која сега во текот на есенските месеци ќе се зголеми и поради тоа, сите треба да бидат одговорни.

Видете, ќе звучи можеби малку грубо, но според мене, глупо е да се носи маска кога се движите на отворено. Особено ако во околината нема никој, изјави професорот Даниловски во неговото интервју за Канал 5 Телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.