Наташа Најдановска-Алулоска и Даница Поповиќ-Моневска се двете новоименувани директорки на Универзитетската клиника за детски болести и на максилофацијална хирургија, соопшти Министерството за здравство.

Министерството за здравство информира дека по објавените јавни конкурси за именување директори во јавни здравствени установи, заклучно со вчера (6.11) се назначени нови директори во следните две установи: Универзитетска клиника за Детски болести, на местото на досегашниот директор-Катарина Ставриќ, за нов медицински директор се именува – Наташа Најдановска-Алулоска.

Универзитетската клиника за хирургија на лице, вилици и врат-максилофацијална хирургија, на местото на досегашниот директор, Славе Наумовски, за нов медицински директор се именува – Даница Поповиќ-Моневска.

Во останатите јавни здравствени установи, кои беа опфатени со овој конкурс, за директори се именувани досегашните вршители на должност, соопшти Министерството за здравство.

Исто така, за в.д. директори се именувани Насер Муареми, в.д. организациски директор во ЈЗУ Универзитетска клиника по кардиологија и Џемиле Јусуфи, в.д. медицински директор во ЈЗУ Универзитетски институт по клиничка биохемија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.