Дане Талевски ќе биде предлогот на Владата за нов амбасадор на земјава во седиштето на НАТО во Брисел.

Овој предлог, спoред информации од Владата, ќе биде утврден на владина седница в четврток.

Тогаш шефот на дипломатијата Никола Димитров ќе ги презентира предлозите за амбасадори во повеќе земји, каде што нашите претставништва се празни подолго време.

Процедурата за именување амбасадори завршува кај претседателот на државата. Од Владата велат дека предлозите за амбасадори се усогласени со претседателот Пендаровски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.