Себеназначувањето за министер за финансии ја отвори дилемата дали Зоран Заев се токми да остане во Владата и во периодот кон треба да се формира техничка влада пред парламентарните избори кога и да се случат. Оваа пракса се воспостави со договорот од Пржино според кој се реализираа парламентарните избори во 2016 година.

Според тој договор потпишан од лидерите на четирите најголеми партии на сто дена пред одржувањето на изборите дотогашниот премиер поднесува оставка и на негово место доаѓа нов технички премиер на предлог од владејачката партија. Треба да се формира и техничка влада во која на неколку клучни ресори треба да влезат кадри од опозицијата. Опозицијата треба да го добие министерството за внатреши работи и труд и социјала, а пак дополнителни заменици министри ќе бидат поставени во МВР, Труд и социјала, земјоделство, информатичко општество, и она што е најважно во министерството за финансии.

Според тоа, министер за финансии би можел да биде Зоран Заев, а пак дополнителен заменик министер би бил кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст на ПресингТВ

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.