Високата корупција да ја истражува ново јавно обвинителство во рамките на Републичкото обвинителство, но случајот „Рекет“ да остане во Обвинителтвото за органзиран криминал и корупција кај Вилма Рускоска, инсистирал премиерот Зоран Заев на лидерската срдба, брифираат извори од преговарачкиот тим на опозицијата.

Откако беше договорено да се формира ново јавно обвинителство за гонење криминал сторен од озбрани и именувани лица, а шефот на тоа јавнообвинителство да се избира на предлог на опозицијата, Заев нелогично инсистираше „Рекет“ да остане кај Рускоска во Обвинитеството за органзиран криминал и корупција.Откако му беше посочено дека Картица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“ е избран функционер, Заев кусо одговори дека правилото не треба да важи за овој случај, вели нашиот избор од преговарачкиот тим на опозицијата.

По распитот на специјалната јавна обвинителка кај обвинителката Вилма Рускоска опозицијата, но и јавноста се посомнева дека станува збор за четиричасовен кафе-муабет и иако Јанева веќе следниот ден беше уапсена, постојат сомнежи дека таа се чува на сигурно, далеку од можноста да проговори и да ги повлече со себе сите инволвирани во „Рекет“, кои се многу повисоко од неа во хиерархијата.

Оттука, легитимно е прашањето дали Зоран Заев се плаши дека во професионална и независна истрага Катица може да го впери прстот во него, а ќе ја нема Вилма да ѝ го свитка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.