Модуларните болници се безбедни и градени согласно стандардите. Тие се истиот тип како и насекаде во светот. Тие спасија илјадници животи и во моментот во нив се лекуваат околу 200 наши граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој нагласи дека проверките во модуларните болници се засилени и дека се контролираат и од противпожарен и од безбедносен аспект.

Трагедијата не погоди сите, ќе ја паметиме цел живот, изгубивме животи. Да сочекаме, да ги видиме форензичките извештаи за да превенираме во иднина – рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на новата приватна инвестиција во Општина Сарај.

Во однос на оставките на министерот и заменик-министер за здравство, Заев уште еднаш повтори дека одлуката ќе ја донесе по форензичкиот извештај за несреќата.

Воедни единствено од чувството на одговорност и човечност бевме таму за да видиме дали можеме уште од првите моменти да преземеме нешто. Тоа беше единственото чувство. Се друго е политиканство и политика кои некој сака да ги води. Тврдам дека нашиот народ тоа го препознава кога е на мака целата нација, кога изгубивме 14 наши граѓани во катастрофално трагична несреќа, се злоупотребува болката на целата нација – рече Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.