Исказот не е завршен, насмеано им одговори на новинарите пред Кривичниот суд ексразузнавачот, актуелен советник за безбедност на премерот Зоран Вешрушевски на заминување од рочиштето за предметот на СЈО „Таргет – Тврдина“.

Она што го кажа Верушевски, пак, во судница, тектонски ја поместува „вистината за Македонија“, а а пред сè на СЈО, на која се темели политиката во изминативе 5 и пол години откако почна емитувањето на бомбите. Верушевски под заклетва призна дека бомбите биле сечени, лепени и монтирани, односно, како што рече, претрпеле „стравотни модификации и компромитирања“.

Поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски изјави дека до неговото апсење на 23 јануари 2015 година (речиси 11 месеци пред предавањето на материјалите), го знаел точниот обем на документацијата, но потоа немал контрола.

Факт е дека таа документација доживеа стравотни модификации и компромитирања. Зборувам по моето лишување од слобода, кажа Верушевски.

Што се случува во заднина во меѓувреме?

Премиерот Зоран Заев од Њујорк релативно смирено го коментира исказот на Верушевски. Го чекаме второто сведочење, ќе рече Заев во интервју за Гласот на Америка.

За Заев од првото сведочење на поранешниот директор на тајната полиција не може да се изведе финален заклучок, а од натамошните рочишта на виделина ќе излезе сета вистина за прислушувањето. Тој смета дека Верушевски не кажал ништо спротивно на фактичката состојба, а во однос на модификацијата и манипулацијата на „бомбите“, Заев укажува дека никој не ја оспорил нивната автентичност, која дополнително била потврдена со форензичко испитување направено во кредибилна меѓународна институција за вештачење.

Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата, изјави Заев во интервјуто за Гласот на Америка.

Десетти октомври е доволно далеку Верушевски „да сфати“ дека не бил разбран, па да го измени исказот токму во тој правец „не сте ме разбрале“. Дали Заев за неколку дена и тоа од Њујорк најде начин како да го замолчи или да го поткупи Верушевски? Или, пак, можеби некој го заплашува Верушевски, за што е информиран и другиот Зоран? Дали на десетти октомври во судница ќе чуеме дека снимките не биле „стравотно модифицирани и компромитирани“ или пал Верушевски самиот ќе ја протолкува својата изјава дека тоа што го кажал на 23 септември значи сè, но не и сечено, лепено, монтирано? Зошто исказот на Веруешевски во случајот „Пуч“, даден пред 4 години пред Обвинителството за борба со организиран криминал и корупција, се чува запечатена како службена тајна, како што открива Код на Снежана Лупевска?

Обвинителите од Организиран за Код изјавуваат дека исказот никогаш не бил класифициран документ. Тајната на кажувањата на Верушевски ја кријат сега од СЈО, но во обезглавеното СЈО нема кој да дозволи да се отвори предметот „Пуч“ и да се земе исказот, вели Лупевска.

Верушевски никогаш не верувал во автентичноста на бомбите

Уште пред да избие аферата „Пуч“, Верушевски барал да се изврши вештачење за да се утврди точно каде нелегално се прислушувало и кој е одговорен за тоа. Верушевски при распитот пред обвинител дури и посочил дека обвинителот треба да го изведе вештачењето на опремата во УБК во Петтата управа.

Таа негова идеја не била прифатена, а еден месец подоцна опремата за следење на комуникации која не е вештачена била уништена на два скопски отпади, за што СЈО го отвори предметот „Тврдина“, вели Лупевска во КОД.

Целта на тогашниот исказ на Верушевски и на актуелното сведочење е ист, да се изврши вештачење и експертски да се утврди каде е произведено незаконското прислушување и бомбите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.