Македонскиот државен врв и јавноста е во очекување на одлуката на Европскиот совет дали ќе одреди датум за почеток на преговорите со Македонија. Прогнозите засега не се оптимистички, најмногу поради цврстиот став на Франција, која се противи Македонија, но Албанија да ги почнат преговорите за членство.

Очекувањата се дека Македонија ќе добие нешто што нема да биде ни датум, но ни одлука која ќе значи отфрлање на сето она што власта го направи изминатата година, посебно со решавањето на спорот со Грција.

Но, во јуни Заев даваше изјави дека заклучокот од Советот на ЕУ праќа сериозна порака и апсолутна гаранција која ја добиле и написмено.

На Министерскиот совет написмено добивме правно-формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни, што значи дека има консензуална одлука – изјави Заев на 19 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.