Нè подготвуваат ли Заев и Османи за нови отстапки кон Бугарија и можен компромис во мај или јуни?

Премиерот во телевизиско интервју истакна дека со Борисов се договориле веднаш по утрешните избори кај источлните соседи да започнат разговори за можно решение на отворените прашања. Заев е убеден дека до тоа може да се дојде. Ја споменува формулацијата два различни народи со заедничка историја во одреден период, анализира ТВ Алфа.

И Османи на иста линија, пишува во текстот на Алфа.

Очекува рационални разговори од понеделник. Шефот на дипломатијата посакува брзо формирање на институциите во Бугарија за што поголема предвидливост за надминување на разликите. Погрешно било што до сега прво сме разговарале за работите кои не разликуваат, а не за она што ни е заедничко. Не одговори конкретно дали потфрлил и специјалниот владин претставник Бучковски. Знаел дека изборите ги киднапираат политичките процеси и ги подигнуваат емоциите на високо ниво. Министерот за надворешни работи вели дека сите напори се во насока на позитивен исход самитот на ЕУ летово.

За разлика од ваквите ставови на Заев и Османи, лидерот на опозицијата Мицкоски пред неколку дена апелира веднаш да се одржи меѓувладина конференција ЕУ Македонија. Според Мицкоски нема простор за нови отстапки од македонска страна и дека притисокот треба да биде насочен кон Бугарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.