Како денеска дојде до насилство во притворското одделение во затворот Скопје или познат како Шутка? Кој дозволи луѓе од кумановската група од случајот Диво Насеље да има контакт со притвореници кои биле министри во времето кога тие беа приведени за судирот кога загинаа многу припадници на Специјалната полиција?! Дали досега не беа испратени низа предупредувања и пораки дека не смее да се дозволи поранешни функционери да бидат во контакт со осомничени за дела кои се случувале додека тие биле на власт?! Денеска се претепани Миле Јанакиески, поранешниот министер з транспорт и врски и Спиро Ристовски, поранешен министер за труд и спцијална политика и поранешен министер за образование. Тие се нападнати од член на Кумановската група со иницијали Е.К. Миле Јанакиески заврши во градска болница, за Ристовски се чека информација дали му е укажана помош во затворската амбуланта, или пак и тој е однесен на некоја од клиниките.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера во своето обраќање по апсењето на Ристовски, Јанакиески и Трајко Вељаноски упати порака до премиерот Зоран Заев:

Апси, можеш да нарачуваш и убиства, но знај нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме. СДС знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за неработа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче, за земјоделците и пензионерите, порача Мицкоски.

И поранешниот премиер Никола Груевски кој побара азил во Унгарија поради политичкиот прогон во државата укажа дека имал сознанија дека во затворот му се подготвува ликвидација. Тој изјави:

Јас најпрвин бев со намера доколку власта оди до крај, бев со намера да влезам во затвор. Со тотално луди пресуди кои немаат никаква правна и законска основа. Но, во последните денови добив дојава дека веројатно е планирана моја ликвидација во затворот. Потоа ја променив мојата одлука. Од лица кои беа добро информирани внатре во затворот. Имав сериозни сознанија од сигурни луѓе. Не можам да кажам јавно кој стои зад тоа, бидејќи не можам во моментов да го докажам. Потоа одлучив да заминам од Македонија. Унгарија ја одбрав затоа што проценив дека станува збор за земја членка на НАТО, на ЕУ, земја која има независни институции, обвини Груевски во интервјуто за телевизијата Сител.

Засега институциите молчат. Директорот на затворот Скопје рече дека ќе испрати соопштение, не сакајќи ништо повеќе да коментира. Молк и од министерката за правда Рената Десковска. Таа не одговара на телефонските повици. Портпаролот на министертвото пак упати на Управата за извршување санкции, која пак, не е одговорна за притвоскиот дел од затворот. Се чека да се изјасни и судот кој одреди мерка притвор. Ќе се јави ли некој да објасни кој и зошто дозволи ваков инцидент?!

Лидер, повикувајќи се на извори од Шутка, објави дека насилниците се фалеле дека го тепале Јанакиески за да му направат услуга на Заев.

– Ова ти е за Заев и од Заев – извикувал еден од насилниците, неофицијално брифира извор на Лидер од одделението во Шутка.

Дали власта навистина не беше свесна дека се изложени на ризик животите на поранешните функционери кои се наоѓаат во исти простории со осомничените за Диво Насеље?! Дали свесно ги втурна во ваков ризик?! Го нарача ли власта денешниот инцидент?! Овие и низа други прашања зслужуваат одговор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.