Откако денеска на социјалните мрежи беше објавена нова шокантна аудио бомба во која се слушаат два гласа, од кои едниот, извесен Тушникот кој се фали дека ќе оствари средба со Вице Заев за да се запали автомобил на човек од Битола затоа што тој бил од ВМРО-ДПМНЕ, се отвора прашањето дали оваа аудио-бомба открива ново светло за односите во македонското подземје?

За потсетување, на 21 минатиот месец во пекарата, сопственост на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, која се наоѓа на главната улица во Ѓорче Петров, беше фрлена експлозивна направа.

Ова не е прв пат семејството Мисајловски да биде на мета на македонското криминално подземје. Во 2017-та година изгоре неговата семејна куќа, причините за пожарот се уште се водат под неразјаснети околности.

Дали новата бомба открива кој дава наредби за палење на коли?!

Од аудиобомбата објавена денеска може да се чуе како извесен Горан Димовски-Тушнико кажува дека добил зелено светло од Рашо Бојовиќ, зет на Зоран Заев и неговиот брат, Вице Заев, за да се запали автомобил на активист на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.