Пратеникот Антонијо Милошоски, кој претходно ја повика телевизијата Канал 5 да ги искористи блиските релации со Владата и во име на вистината да истражува за убиството на Мартин Нешковски и вмешаноста на тогашните премиер и министерка за внаатрешни работи во случајот, ја повика и телевизијата Телма, која ревносно го следеше случајот, во имем на вистината, во 2015 година, и овојпат да продолжи со истиот жар да истражува во име на вистината.

Бомбата, која ја објави Зоран Заев во 2015 година, трае 3 минути и се добива впечаток дека Груевски и Јанкулоска се обидуваат да го забошотат случајот. Деновиве Ел Чека ја објави целата бомба во траење од 12 минути. Вистината е сосема друга.

ВМРО-ДПМНЕ уште во 2014 година кога почнаа да излегуваат бомбите тврдеше дека тие се сечени-лепени и монтирани разговори, но тогашната опозиција имедиумите блиски до неа тераа мајтап со „сечено-лепено-монтирано“.

Четири години подицна, после многу жртви на манипулациите на СДСМ, кој дојде на власт преку мртвите тела на Мартин Нешковски, жртвите од Диво Насеље и од Смиљковското Езеро, вистината излегува на виделина. Предоцна, но вистината не е недостижна.

Во 2015, во име на вистината Телевизија Телма редовно известуваше за убиството на Мартин Нешковски, врз основа на објавената бомба од Зоран Заев, во траење од 3 минути. Сега гледаме дека таа бомба траела 12 минути. Дали ТВ Телма сега ќе истражува повторно во име на вистината, прашува Милошоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.