Одбраната во случајот „Топлик“ на денешното рочиште побара изземање на вештакот Борис Тунџев. Како прилог зошто тој треба да биде изземен доставија мислење од Антикорупциската комисија која смета дека тој не може истоверено да биде директор на Агенцијата на катастар на недвижнини и да биде ангажиран како вештак во случајот.

Наградата која би ја примил би била спротивно на законот против корупција и судир на интереси.

Бранителите сметаат дека вештакот мора да биде изземен.

Ова не е став само на одбраната, туку и на Комисијата за спречување на корупција. И нема врска со тоа дали вештакот има или нема лиценца. Еве има, и што со тоа? Овде има конфликт на интереси, објасни адвокатот Дончо Наков.

Претходно одбранат побара изземање на поротникот Митко Сандев. Одбраната наведува дека кај овој поротник има конфкит на интереси бидејќи е член на политичка партија која е дел од власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.