Дали покрај Весна Дамева која минатата недела беше избрана за претседател на Судскиот совет и нејзиниот сопруг Младен има тесни врски со СДСМ? На социјалните мрежи се појавија објави на Младен Дамев од 2015 година со недолична содржина.

Тогаш Дамев повикуваше на улица и го навредуваше поранешниот премиер Никола Груевски.

Делев во бизнис круговите е познат како еден од директорите на „Скопски пазар“. Во основниот Кривичен суд се води процес за „Скопски пазар“.

Затоа прашуваме дали Дамев е учесник во овој процес и дали можеби има активни кривични пријави против сопругот на новата претседателка на Судскиот совет? Ќе даде ли одговор Јавното обвинителство дали има поднесени и евентуално прифатени кривични пријави против Дамев?!

Дали можеби Дамева како прв човек на телото кое именува и разрешува судии може да влијае  во процесот кој се води за фирмата каде што работи нејзиниот сопруг?

Ако Дамева не можеше да избега од фактот дека е поранешен член на СДСМ и од фотографијата со поранешниот премиер Заев, прашуваме дали и нејзниот сопруг е член на владејачката партија?

Очекуваме одговор и од семејството Дамеви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.