Власта и обвинителката Вилма Рускоска ја развлекуваат постапката за „Рекет“, обвниуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека шест месеци откако е пријавен случајот се уште немаме одговори:

– Каде завршила ташната „Луј Витон“ со 1.5 милиони евра!?

– Дали со парите од „Рекет“ е финансирана кампањата на СДСМ и Стево Пендаровски!?

– Колку бизнисмени биле жртва на „Рекет“!?

– Колку вкупно пари биле изрекетирани!?

Според ВМРО-ДПМНЕ, исказот на сведокот и жртвата во текот на вчерашниот ден само потврдува дека некој од власт ја заташкува истрагата.

Јавноста е збунета, а власта нешто крие. Што барал министерот за здрваство Венко Филипче на една од средбите помеѓу рекетарот Боки 13 и жртвата!? Зарем Филипче мисли дека јавноста му верува на исказот дека со шоуменот Боки 13 разговарале за болници. Катица Јанева не земала 50.000 евра, туку 350.000 евра. Со тоа и противправната имотна корист, а и тежината на делото се зголемува. Обвинението кон неа треба да се преформулира. Ташната Луј Витон патувала на повеќе локации. И очигледно повеќе лица се стекнале со противправна имотна корист. Кои се тие!? И зошто до сега не биле опфатени со истрагата!?, прашуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Рускоска бега од вистината и затоа не сака да истражи каде заминала ташната и каде се патувала.

Русковска ја влече истрагата затоа што знае дека зад „Рекет“ стои врвот на власт, без кој милионски рекет во толкав временски период воопшто не би бил возможен. Граѓаните очекуваат ефикасна и ефективна разрешница на „Рекет“, се вели во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.