“Пукна” нова серија од мега-аферата “Рекет”! Во второто продолжение во главните улоги министерот Филипче и директорот Дончев! Кривичната пријава, поткрепена со документација и со писмена евиденција во која се допишуваат министерот, странскиот инвеститор и шведскиот амбасадор, јасно упатува на намерата на Дончев и Филипче да се спречи странска инвестиција во Република Македонија, со цел остварување имотна корист преку злоупотреба на нивните функции – ова е тоа што го пренесоа медиумите, пишува генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев на својот Фејсбук профил.

Но, дали “Рекет 2” завршува тука? Дали ова е само почеток на нешто многу поголемо? Дали има замешаност на останатите членови на криминално-рекетарската власт на чело со Заев??? Во “чаршиските кулоари” се “шушка” за многу поголема игра, додава тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.