Најавата дека утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го даде мандатот за формирање на Влада на Зоран Заев не изненади никого. Пендаровски на чело на државата дојде како предлог на СДСМ и беше за очекување токму Заев да ја добие можноста да се обиде да формира влада.

Но, она што изненадува е што Пендаровски постапува споротивно од своите изјави дадени пред изборите. Во една телевизиска емисија тој буквално рече „кој ќе ми дојде со 61 потпис,ќе му дадам мандат”. Или пак пред неколку недели во интервју за „Фокус“ беше дециден и рече дека ќе му го даде на тој што ќе го увери дека има 61 пратеник.

Но, во најавата за доделување на мандат за утре никаде не се споменува дека Заев има обезбедено 61 пратеник.Тоа значи дека Пендаровски ќе му даде дополнителни 20 дена на Заев за пазар на пратеници и уцени, бидејќи е очигледно дека Заев го нема потребното мнозинство.

Кои се гаранциите на Зоран Заев за Стево Пендаровски кога лидерот на СДСМ нема 61 пратеник? Пендаровски со своите постапки одработуваше за Заев и за време на вонредната состојба која неколкупати се одложуваше.  Тогаш беше справувањето со короната, но сите знаеме дека во тој период се донесеа неколку клучни уредби поврзани со изборите.

Експертите се на став дека Пендаровски го крши Уставот и со тоа што доделува мандат без да добие известување од Талат Џафери дека Собранието е целосно конституирано. Познавачите прашуваат ако Соранието е конституирано зошто Џафери во моментов ја има улогата на претседавач а не на претседател на Парламентот.

Професорката Тања Каракамишева објаснува дека постапката за определување мандатар за состав на влада од страна на претседателот на Републиката е во тесна поврзаност со чинот на конституирањето на Собранието на начин како што е тоа предвидено во член 63 од Уставот, но и во согласност со глава 2 од Деловникот на Собранието на Македонија поточно согласно членовите 9 до 28.

Како Пендаровски го определи Заев го определи Заев за мандатар кога нема мнозинство пратеници зад себе како што бара член 90 од Уставот, нагласува Каракамишева за Република.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.