Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера го означи почетокот на кампањата за локалните избори со видео преку кое испрати моќна порака за создавање на нова иднина, со која ќе се порази апатијата и хаосот во кој живее народот.

Дали живеете подобро? Дали ова што се случува е нормално? Гледаме апатија и хаос. Луѓето се разочарани.
Поделбите мора да запрат. Народот да се обедини.
Иднината е во промените кои доаѓаат, а ќе ги донесете вие. Промени кои создаваат проекти, проекти кои создаваат победи, победи кои носат нова иднина. Подобра, посветла и посреќна. Со ваш печат! Заслужена!
Имаме програма и гарантираме дека ќе ја исполниме! Поучени од грешките, со искоренети слабости, свесни за одговорноста која ја преземаме.
Излези и избори се!
Создади нова иднина!, порача Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.