Кои се „Кики” и „Фрики” од рекетарските приказни објавени во медиумите и дали не се приведени само заради тоа што се високи функционери во СДСМ и знаат многу информации за криминалите на Заев и неговите соработници?-запраша денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Во вчерашната акција на Обвинителството и МВР, во која Коки (Бојан Јовановски) и Зоки (Зоран Милески) завршија во притвор, не беа опфатени ниту Кики ниту Фрики. Тие воопшто не беа спомнати, освен во новата приказна на новинарот Бранко Героски, кој впрочем и ја откри на јавноста рекетарската дружина, притоа претставувајќи ги ликовите со псевдоними.

-На двајцата рекетари им помагаат и видни политички личности (кој ме читал, знае кои се), но и личности од јавниот живот. Некои со знаење што всушност се случува, некои можеби наивно. Да не ги заборавиме и нив. Моите информации се дека обвинителката Русковска лесно, по дифилот всушност, ќе докаже дека во случајов освен рекет и изнуда, имаме и злосторничко здружување. Едно многу опасно злосторничко здружение е тоа, почитувани читатели, против кое борбата мора да продолжи со засилено темпо – напиша вчера Героски.

Каде е Кики, еден од главните ликови во приказната која почнува да добива среќен крај?!Кики е еден од двајца членови на раководството на неговата партија кои седеле на рекетарските маси, кого Геро го нарече Кики. Тој, како што нагласи Геро е поважниот лик од двајцата партиски ликови. Вториот лик го нарече Фрики. Кики на жртвите им ја претставува политичката ситуација во земјата, со акцент на тоа дека сите треба да помогнат за да не се врател режимот, оти така сите ќе изгореле.

Сега се чека на обвинителството? Дали јавното обвинителство по допрен глас ќе постапи за едни од главните ликови Кики и Фрики? Едниот од нив до неодамна беше висок партиски функционер. Беше сменет непосредно пред Героски да излезе со приказните за него и Фрики. Се покажа вистинита приказната за Коки и Зоки. Зошто не би била за Кики и Фрики?! Ги штити ли Кики и Фрики партискиот „имунитет“ кој во една правна држава не треба и не смее да постои или пак тие се ликовите за кои обвинителката Вилма Рускоса најави дека деновиве е можно проширување на истрагата. Ќе добиеме ли нов дел од оваа летна приказна, слична на оваа „Коки и Зоки заедно во Шутка“, но со променети имиња, овојпат „Рекетарската дружина повторно заедно – Кики и Фрики стигнаа кај Коки и Зоки“.

За Кики и Фрики вчера на својот фејсбук профил објави и Душко Илиески, познат како Душко Млекарот, кој беше дел од СДСМ. Тој тврди дека Кики и Фрики се во рекетарскиот бермудски тријаголник.

Јавноста е во исчекување на новиот дел од приказната за рекетарската дружина. Во текот на вчерашниот ден беа откриени поголем дел од имињата кои биле дел од играта во која се вклучени Коки и Зоки. Беа посочени имиња на обвинители, но некако партиските членови беа оставени во сенка. Ќе се открие ли конечно кои се Кики и Фрики?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.