Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, пред неколку дена снимал изборен спот во просториите на текстилните фабрики „Мода“ и „Камотекс“ во Св.Николе.Ова не е би било ништо невообичаено ако не се знае дека овие конфекции се корона кластер во кои имаше голем број на заразени од корона.
Се работи за фирма мајка и ќерка кои работат во ист погон. Како што дознаваме, за потребите на спотот на носителот во третата изборна единица на СДСМ, се викани работнички да глумат во видеото..
Во периодот кога се снимал спотот еден бил официјално заболен а неколкумина биле во изолација. Во моментов за неколкумина сомнителни се чекаат официјалните резултати.
Прашуваме кој ќе ја сноси одговорноста доколку бројот на заразени се зголеми и дали за СДСМ Пи-арот пред избори е поважен од здравјето на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.