Дали Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство ќе покренaт истрага по допрен глас за говор на омраза и повик за насилство против музичарот Златко Ориѓански, кој „им најде лек“ на македонските медиуми Курир, Сител, Телма, Република и МТВ?

По насилниот упад на опозициски демонстранти во Радио-телевизија Србија (РТС) македонскиот музичар Златко Ориѓански се почувствува повикан да ја оправа РТС на Фејсбук. Ориѓански напиша дека РТС се состои од неколку македонски медиуми „сите во едно“, за кои има лек, а „лекот за нив е солна киселина“.

Како и многупати досега, Ориѓански рече, па порече, односно го избриша статусот на Фејсбук.

РТВ Србија се состои од македонкиот Курир, Сител, Телма, Република и МТВ, сите заедно во едно… лек? Солна киселина, смета музичарот.

Ден подоцна, Министерството за внатрешни работи испрати соопштение до јавноста, во кое информира дека за ширење говор на омраза на социјалните мрежи следуваат кривични пријави.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со надлежното обвинителство континуирано презема мерки и активности за санкционирање на ширењето на говорот на омраза на социјалните мрежи, најчесто на Фејсбук, а таков е случајот и со објавата од извесна Фросина Тина Мартиновска која деновиве е споделена на оваа социјална мрежа и по документирањето на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, се наведува во соопштението на Министерството.

МВР, исто така, ги охрабрува граѓаните да ги пријавуваат овие случаи.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани ваквите случаи да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата cybercrime@moi.gov.mk, се вели во соопштението на МВР.

Пиши-бриши навреди и закани од поранешниот полициски службеник

Солната киселина за македонските медиуми ниту е прв случај Ориѓански да шири говор на образа или пак да упатува пиши-бриши закани до македонските медиуми или новинари.

Ориѓански го навредуваше и оперскиот пејач Игор Дурловски по изрекувањето на ослободителната пресуда во случајот „27 април“.

Ако Дурловски е големиот светски пејач, баба ми е фантастична пич*ка”, напиша Ориѓански вчера по ослободителкната пресуда за оперскиот пејач Игор Дурловски.

 

15.12.2017 година Скопје е најзагадениот град во светот, а митингашкиот збавувач на СДСМ и пријател на Зоран Заев се потсмева со аерозагадувањето

 

14.7.2018 година, Жестоките реакции на социјалните мрежи го принудија Ориѓански да го повлече статусот во кој им порачува на македонските граѓани да “водат љубов самите со себе”

 

4.1.2019 година, Ориѓански повторно е расположен „да ѝ го опне“ на Македонија, која по дефиниција во неговите статуси е глупава

Покрај музичката кариера што ја градел 30 години, Ориѓански е пензиониран припадник на МВР, каде што се вработил по средното училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.