Во текот на следната недела Македонската академија на науките и уметностите би требало да го промени името во согласност со Преспанскиот договор, бидејќи веќе нема да може да го корристи старото кое ја содржи придавката „македонски“. Новата кратенка би можело да биде НАНУ, дознава ТВ Сител.
Спред Договорот националните институции кои носат предзнак „македонски/ска“, ќе треба да ја избришат додавката и да стават „на Република Македонија“.
Сè уште се бара решение за Македонската академија на науките и уметностите бидејќи од таму најавија дека не сакаат да го додадат новото име. Решението кое се споменува е наместо „македонска“ (МАНУ) да се користи национална академија на науките и уметностите или скратено НАНУ, дознава Сител.
Деновиве во Службен весник ќе биде објавен датумот кога ќе влезе во сила новото уставно име – Република Македонија, а веднаш потоа на државните институции ќе бидат поставени нови табли со новото име Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.