Што се случува во македонската царина? Контролира ли некој што влегува, а што излегува од државата, се проверуваат ли пратките. Се чини цути криминалот, шверцот како на текстил, така и на дрога. На социјалните мрежи се коментира дека во последните години дрогата влегува во државата бетер од банани. Се продава на секој чекор, како никогаш досега. Запленетата дрога од страна на МВР е само еден доказ дека Царината спие.

Ексминистерот Оливер Спасовски и се уште актуелниот шеф на македонската царина Ѓоко Танасоски најверојатно не направиле никаква проверка на вкупно 120 пратки со банани на фирмата која се споменува во случајот „Кокаин во Крушопек“ кои последниве години влегле во земјава.
Засега Спасовски кој сега е технички премиер но и директорот на Царината Танасоски молчат за логичните прашања и информациите кои се појавуваат на социјалните мрежи.

Работењето на Царина помина низ многу скандали во последните неколку години. Се уште не е решен и проблемот со заплената на гардеробата на Боки 13, која веднаш беше пуштена од првите луѓе на скопската, но и републичката царинска управа.

Наместени тендери, шверц на текстил, неконтролиран увоз на разни стоки… Ова е само дел од скандалите кои ја пратат царинската управа и Танасоски како нејзин директор. Очигледно актуелната власт немаше интерес да го реши овој проблем. И покрај низата поплаки, критики и скандали, Танаскоски остана на чело на Царина. Кој го штити? Зошто го штити? Ќе има ли одговор за облеката на Боки 13? Ќе има ли одговор за текстилот што поминува?

Се очекува со промената на власта на 12 април, овие прашања конечно да бидат ставени на дневен ред и истите да добијат завршница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.