Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, а овие примитивци, осудени криминалци нема да ја закочат државата. Продолжуваме по европскиот пат, ние ќе влеземе во ЕУ како Македонци, кои зборуваат македонски јазик.

Ова меѓу другото вчера во Собранието, на прес-конференција, егзалтирано го изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Неговиот „инспиративен“ настап никого не остави рамнодушен, зашто користењето навреди во Собранието од страна на пратениците стана секојдневна практика, злоупотребувајќи ја функцијата и пратеничкиот имунитет.

Кого Јован Митерски нарекува примитивци? Пратениците од опозицијата, кои се спротивставуваат на францускиот предлог? Обичен „сељак“, aнализира „Пресинг ТВ“.

На Митрески ни на крајот од умот не му паѓа барем за миг да помисли дека опозициските пратеници во Собранието претставуваат граѓани, кои на регуларни парламенрани избори им го довериле својот глас и право да ги застапуваат. Што значи дека индиректно Митрески навредува илјадници и илјадници македонски граѓани. А, кој му го дал тоа право!?

Во сивито на Митрески стои дека потекнува од Струга и дека завршил Економски факултет во Прилеп, факултет што не го завршил само тој што не се запишал, барем така велат. И како добар партиски војник, успеал релацијата Струга-Прилеп да ја продолжи до Скопје.

Но, за волја на вистината, гледајќи го неговиот продуховен лик, елоквентноста, говорот на телото, листер оделата, вратоврските, манирите на однесување недвосмислено кажуваат една, единствена работа дека Јован Митрески има право да манифестира елитизам. Зашто, во него има аристократска сина крв и дека додека растел за него се грижеле најдобрите гувернантки од Струга и од пошироката околина, а можеби доаѓале и од Виена. Добро де, не завршил на некој светски познат универзитет, туку на Битолскиот, ама тоа не значи и дека од француски дворец ни стигнал директно во македонското Собрание за што мора да бидеме исклучително среќни.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.