Повикувајќи се на високи извори во СДСМ и владиниот кабинет, порталот на албански јазик „Ин7“ објави дека вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска се подготвува за нова задача што ќе ја тргне од домашната политичка сцена.

Една од клучните фигури на СДСМ во последните 20 години ќе ќе биде амбасадорка на Македонија во САД, пишува порталот.

Според нивните извори, лидерот на партијата Зоран Заев на позициите кои Шекеринска ќе ги напушти го гледа генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

За оваа комбинација, неодамна зборуваше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, кој на седницата кога се гласаше Техничката влада предводена од Спасовски, во говорот рече дека „еден од членовите на владата се подготвува да преземе важни задачи во странство по изборите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.