Власта го обвини поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски дека со пласирање на информацијата дека 7 земји гласаче ПРОТИВ датум за преговори за МАкедонија и Албанија ширел лажни вести, а премиерот Зоран Заев дури на прес-конференција рече дека првпат слуша за тие земји.

Милошоски во своја одбрана, а и за волја на вистината, ја сподели објавата на хрватската министерка за надворешни работи Марија Пејчиновиќ Буриќ, која во изјава за хрватските медиуми од Брисел вели дека жали што нема согласност да се признае напредокот.

Во 2018 година најголемиот дел земји-членки се залагааа во април да започнат преговорите со македонија и Албанија. Меѓутоа, имаше земји-членки кои не можеа да се согласат со тој текст. За жал, сега бројот на држави кои имаат резерва дури и се зголеми, вели Пејќиновиќ-Буриќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.