Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, преку социјалните мрежи во ноември минатата година преку фејсбук статус објасни која е причината поради која решил да замине во Унгарија. Тој посочи дека одлучил да не ја исполни желбата на СДСМ кој судот и обвинителството ги користи како политичка алатка заради остварување на своите политички цели и уцени.

-Јас одлучив да се спротиставам на сето ова, и со мојот чекор да го издигнам ова прашање на повисоко ниво.
Некој може да ме сака или да не ме сака, да се согласува или да не се согласува со мене, да смета дека водам добри или лоши политики, но неможе да го негира или да ги затвори очите пред она што се случува во Македонија во овој период а кое го опишувам. Јас одлучив да не ја исполнам желбата на СДСМ, додека тие ја разграбуваат и распродаваат државата и националните интереси да седам затворен со политичка одлука и секојдневно да се борам за преживување во затворот, за каде добив сознание дека ми се подготвува ликвидација, напиша тогаш Груевски.

Тој тогаш додаде дека  не бегал од правдата, туку поради сознанијата дека се подготвува негова ликвидација.

-Јас до последен момент, иако гледав колку неправедно ме обвинуваат и судат, иако беше видливо дека судиите уште пред да го почнат судењето и пред да ги погледнат доказите, ја знаеја пресудата, секојдневно, како никој досега се соочував со правдата, се до моментот кога актуелната влада не одлучи неправедно и со политичка одлука да ме стави во затвор, а потоа и да ме ликвидира – напиша Груевски.

Тогаш изјавата на поранешниот премиер од страна на власта беше прифатена со потсмев, дека бара само некаков изговор.  Но дали денеска се потврди дека заканите за кои зборуваше Груевски биле сериозни?!. По само една ноќ помината во истражното одделение во затворот Скопје, или познат како Шутка, денеска се нападнати двајцата поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристоски. Тие се нападнати од лице од кумановската група, осомничен за Диво Насеље. Дали предупредувањата и изјавите на Груевски не биле само изговор и оправдание за неговата постапка?! Денешниот инцидент покажа дека сепак постои сериозна опасност по животот на поранешните функционери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.