Уште два дена остануваат до уставниот рок до кога претседателот Стево Пендаровски треба да го додели мандат за формирање влада. И тука се поставува дилемата како шефот на државата ќе го чита Уставот.

Дали ќе се држи до членот 90 од Уставот во кој е наведено e должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието…

Или пак ќе постапи онака како што говореше шефот на државата неодамна во интервју за „Фокус“ дека мандатот ќе го даде на оној што ќе го увери дека има 61 потпис.

 

Најконкретно, ќе го доделам мандатот на кој било претставник на која било од 6-те изборни листи кои освоија пратеници во парламентот, кој ќеме увери дека има мнозинство од 61 пратеник-потенцираше Пендаровски.

Останува да се види дали до петок некој ќе го убеди дека има 61 пратеник или пак ќе му даде мандат на Заев и тој да добие мандат од 20 дена да се обиде да обезбеди мнозинство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.