Дали сумата од 5000 евра која наводно ја земала специјалната јавна обвинителка како награда вослучајот Рекет е посочена намерно со цел да се извлечат олеснителни околности за Катица Јанева. Ова прашање го поставија правниците.  Тие коментираат

-5 000€ во правото е незначителна штета/присвоена корист, намерно е таа сума наведена, за судијата да се повика на тоа и да не определи притвор туку меки мерки на претпазливост, како одземање патна исправа и сл – велат правниците.

Сумата од 5 000 евра предизвика револт, низа критики и коментари кај јавноста.

Од друга страна пак, иако обвинителството, како што соопшти на прес конференција побарало 30 дневен притвор за Јанева, таа после претресот во СЈО наместо во Кривичен суд, беше вратена дома.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.