Подготвени сме за избори веднаш штом се создадат соодветни услови и резултатот е јасен, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, изјави синоќа во емисијата „Заспиј ако можеш“, Дафина Стојаноска.

Говорејќи за терминот за одржување на изборите, Стојаноска потсети дека министерот за здравство, Венко Филипче само неколку дена пред средбата кај претседателот Стево Пендаровски рече дека нема шанси за избори, за по само неколку дена да го смени мислењето.

Здравствените власти или дел од здравствените лица кои се во Комисијата која кажува каква е ситуацијата, дали може или не да има избори, не работат по Хипократ, туку по диктат на Зоран Заев. Ова е причина плус дека за одлука за датум на избори треба да има поширок консензус, а не да пресечат само на пример здравствените власти – рече Стојаноска.

Според неа, за да се оди на избори мора да има стабилизирање на ситуацијата, а за да се знае каква е ситуацијата мора да има доволно тестирања.

Нашиот принцип е јасен, приоритет е здравјето на народот, макар и по цена да не одиме на избори. Како можеш да се радуваш на победа во која ќе е загрозено здравјето на гласачот – рече Стојаноска.

Според неа, тоа што СДСМ вели дека ако нема договор ќе се оди на избори на 21 јуни зошто правните норми и Уставот велат така, е смешно и нереално.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.