Две поротнички чиj мандат почнал и завршил во ист ден добиле разлчичен третман во Кривичниот суд. Поротничката во случајот „Дурмо турс“ Славица Шандовска е заменета со друга поротничка, назначена во почетокот на судењето, Билјана Димулкова, откако претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го известил Судскиот совет на чело со Киро Здравев и судијата во предметот Диана Греувска дека мандатот на Шандовска е истичен.

Но, тоа не важи и за поротничката во случајот ТНТ, Лилјана Ивановска-Кочковска, од која се бара да постапува се додека Судкиот совет ќе го продолжи нејзиниот мандат или пак ќе констатира дека престанал на 24 декември, објавува „Сител“.

Одбраната во случајот “ТНТ“ бара да се почитува законот, додека пак од судот велат дека Законот за судови прави разлика за тоа дали за некој поротник се бара продолжување на мандатот или престанок.

Лилјана Ивановска-Кочковска и Славица Шандовска се избрани на ист датум, 24 декември 2015 година со мандат од 4 години. Шандовска повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци“, но од Кочковска и натаму се бара да биде поротничка во ТНТ.

Од Кривичниот суд за Сител велат дека за Шандовска побарале од Судскиот совет да констатира дека веќе нема мандат да ја извршува фунцијата поротник.

Но, прашање е зошто ова не важи и за поротничката во случајот ТНТ. Од Судот за Сител велат дека за Кочковска наместо престанување на мандатот барале тој да ѝ биде продолжен.

Поротниците во главна улога: „Тортура“ и „Еразмус“ вратени отпочеток, но не и „Ласкарци“

По 2 и пол години судскиот процес случајот на СЈО „Тортура“ во октомври минатата година беше вратен од почеток откако поротник во советот дал отказ. Судењето почнува од почеток со целосно сослушување на сите сведоци. Првото рочиште за случајот се одржа на 28 февруари 2018 година.

Денеска, пак, од Кривичниот суд доаѓа информацијата дека еден од судиите-поротници во судечкиот совет кој го води предметот „Еразмус“ во кој им се суди на поранешниот декан и неколкумина професори од Економскиот факултет, за седум дена заминува да работи во Германија, па судењето ќе мора да почне од почеток. Претседателот на советот, судијата Владимир Туфегџиќ, соопшти дека пред почетокот на денешното рочиште на кое требаше да има завршни зборови, поротникот ги известил дека добил  работна виза и за седум дена заминува за Германија. Со оглед на тоа дека за седум дена судечкиот совет проценил дека не може да донесе пресуда, испратил барање до претседателот на судот за назначување на нов судија поротник.

Но, истово нема да се случи со предметот „Ласкарци“. Во овој обемен предмет за автобуската несреќа што се случи лани во февруари судечкиот судија оценил дека на почетокот на судењето треба да ангажира дополнителен поротник, а Судскиот совет му определил, токму со таа цел, да нема застој во рочиштата и враќање отпочеток доколку дојде до отсуство или истек на мандат на судија-поротник.

Злите духови на „ТНТ“

Ако досега судските процеси сме ги идентификувале со жртвите или пак со обвинетите, овој случај е посебен и по уште еден феномен – трите лица на „ТНТ“ – судечкиот судија Огнен Ставрев, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и претседателот на Судскиот совет Киро Здравев. И секако, растргнатата поротничка со истечен мандат.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на ексградоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски обвинет во ТНТ, со вонредно соопштение ја информира јавноста дека на првиот рабтен ден по Божик, 8 јануари, судијката-поротничка Лилјана Ивановска-Кочкоска, на која ѝ истече мандатот на 24 декември, поднела неотповиклива оставка од позицијата судија поротник поради истек на мандатот и во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд Иван Џолев дека повеќе не сака да присуствува на кое било рочиште. Кочкоска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани, особено за предметот ТНТ.

Изјавата на Страшевски ја потврди и адвокатот на обвинетиот Миле Јанакиески, Еленко Миланов, но ја негира Кривичниот суд.

Додека бев во судот, ме сретна поротничката Кочоска и ми кажа дека поднела оставка, но не ѝ била прифатена, вели Миланов во изјава за Сител.

Кривичниот суд, пак, во текот на вчерашниот ден со рафални писма се обиде да ја дискредитира одбраната во случајот „ТНТ“. Се закани и со  со пријави до МВР, Адвокатската комора и Обвинителството.

Меѓу другото негира дека поротничката поднела оставка и дека претседателот на судот Иван Џолев извршил притисок врз неа и ѝ ја поништил оставката. Од Кривичниот суд тврдат дека ѝ понудиле заштита и потоа ја премислиле да ја повлече оставката. Не е прецизирано за каква заштита се работи и дали случајот е процесуиран до МВР.

Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет. Новиот допис на адвокатот Јовица Страшевски кој денска беше доставен до медиумите само ги потврдува заканите и притисоците кои адвокатот – странка во постапката, се обидува да ги направи врз судот и судијата – поротник, кој одлучува во конкретната постапка, а за кои судот подолго време апелира и вчера побара соодветна реакција од надлежните органи. Откако е посочено дека судот ги користи сите легални механизми да го заштити интегритетот и угледот на секој судија и судија – портоник и доколку е неоходно институциите може на секој судија и судија – поротник да му овозможат и обезбедување, поротникот се осгласи да продолжи да постапува се до евентуално разрешување од Судскиот совет, велат од Кривичниот суд.

Улогата на Киро Здравев, пак, во овој случај е да свика итна седница на која ќе биде констатиран истекот на мандатот на портоничката Кочоска и да назначи нова. Наместо тоа, Здравев настојува седницата да се одржи на 27 јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.