Александар Пандов на својот фејсбук профил напиша:

Македонија стенка и јачи од стегите на заевата хунта. Во овие неколку години, голем број на Македонски синови завршија по притвори и затвори, а огромен е бројот на политички непријатели на Заев, кои секојдневно се влечкаат по судови. Исклучитено важно е да потенцирам дека почнувајќи од Горан Ангелов, преку Митко Чавков и Игор Дурловски, па се до Спиро Ристовски, истите ја поминуваат нивната Голгота и страдање, не само затоа што одбиле да се покорот на Заев и да му бакнат рака, туку напротив жестоко се бореле против него, да го спроведе ова черечење на Македонија. Одбиле, а можеле да се пазарат.

Тие одбиле, ама Митко Јанчев, Никола Тодоров и Бунтур прифатиле да бидат измеќари на Заев и како негови слуги по потреба прават смут во Македонските редови. Сите ја памтиме нивната предавничка улога за време на Референдумот, а и подоцна во обезбедувањето на 8-те пратеници за промена на Уставот. На страна што за нив исто како и за Стево Пендаровски, Гоце Делчев е Бугарин. Последното од овие зарѓани труби е дека Заев бил визионер, а Мицкоски и ВМРО не чинеле.

Тврдев, а сега ќе повторам дека Мите, Нино и Бунтур се тртки на телото на ВМРО кои треба час поскоро да бидат отстранети. Ќе сте правеле партија! Да сум ма место на Мицкоски, дури би ви помогнал да соберте потписи и догодина на избори како кегли во куглана ве разбијам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.