Вечерва ќе разговараме со Заев па ќе донесеме одлука во партијата што ќе правиме понатаму, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, за влегувањето на Алтернатива во Владата.

Јас не сакам да навлегувам во шпекулации. Очекувам вечерва да ни биде презентирано што се е дел од тој договор и што ќе бидат приоритетите, се разбира потоа се тоа ние внатре во партиските структури ќе го дискутираме и ќе ја донесеме финалната одлука, вели Морачанин.

Прашана дали тоа значи дека е можно нејзината партија да донесе одлука и да излезе од мнозинството, Морачанин вели дека најважна е програмата на новата Влада, поточно дека нема да застрани од зелените политики кои се клучни за нејзината партија.

Што ќе биде програмата на новата Влада, Тоа е клучното кога сте дел од Влада. Хипотетички, што ако има промени во оние политики што се важни за нас како зелена партија, обновливите извори на енергија, борбата со загадување. Не очекувам тоа да се случи но сакам да и објаснам на јавноста зошто е тоа многу важно. Затоа вечерва очекувам да го разговараме тој договор, да бидеме целосно информирани и да можеме и ние како коалициски партнери внатре во партиите да објасниме, вели Морачанин

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.