Треба да се обележи местото/нивата од која Господ го црпна да ја води државата. На тоа место треба да се изгради некој храм посветен на црпнувањето. Тоа би било добро место за аџилак на следбениците на Црпнатиот и место од каде што ќе се црпнува следниот Црпнат – коментира актерот Тони Михајловски на својот фејсбук профил.

Коментарот на Михајловски е поврзан со изјавата на Зоран Заев дека Господ го црпнал од нива.

-Јас сум човек од село, од село Муртино, струмичко. Пред некои 20 години работев по полето. Најверојатно Господ не ме црпна таму од нивите и ме донесе овде, за така низ вода да ме пушти, вели Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.