Лицата со посебни потреби и нивните семејства организираат протест пред македонската Влада на која ќе ги побараат нивните права за еднаквост во македонското оптество. Протестот е закажан за денеска во 18 часот, а во истовреме ќе се одржи и протест во Битола на плоштадот Магнолија.

-Имам право на достоинство – порачуваат луѓето со пречки кои честопати се чувствуваат дискриминирани.

-Борбата на лицата со попреченост и нивните семесјтва трае предолго. Затоа ве повикувам сите заедно да се избориме за нивните права, за правата на лицата со попреченост и нивните семејства. За нивен подоствоинствен живот. Затоа дојдете и поддржете го нивниот протест! – порачува македонската пејачка Ребека Јанковска Ристески.

Во повикот за протест во oрганизација на здруженијата на граѓани – коалицијата „Менуваме“ стои:

Време е да бидеме прифатени вонакви какви сме, различно, но еднакви. Време е да се вклучиме во општеството рамноправни и еднакви. Време е заедно да се соочиме со предизвиците и заедно да ги најдеме решенијата. Да покажеме дека и ние можеме, знаеме и умееме! Сите заедно да се обединиме за изедначување на правата на лицата со попреченост, хендикепт, посебни потреби и типичните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.