Комисијата за заразни болести предлага да нема полициски час за верските празници Велигден и за Бајрам, изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

Комисијата предлага угостителските објекти да работат до 20, односно до 20: 30 часот. Предлогот е за Велигден полициски час да нема ноќта в сабота спроти недела, а за Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај.

Владата на утрешната седница ќе го има последниот збор, односно ќе реши за Велигден и Бајрам.

Олеснувањете на рестриктивните мерки се должи на намалувањето на бројот на новозаразени од Ковид-19, но и намалување на бројот на пациенти кои имаат потреба од болчничко лекување, рече Филипче.

Главниот координативен кризен штаб до Владата минатата недела предложи полицискиот час од 27 април до 15 мај да почнува од 21 часот, а угостителските објекти да ги отворат само летните тераси за гостите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.