Интересно соопштение од Владината прес-служба пристигна на нашата адреса. Дури три реченици текст, а ниту еднаш не напишале „лажна вест“. Затоа медиумската машинерија побрза да го залепи епитетот, но ќе ги игнорираме стрелите упатени од невладини „парамедиуми“ и ќе се задржиме на соопштението на Владата.
Ја демантираме веста објавена на Вашиот портал со наслов „Владата не го погреши знамето на Србија – Брнабиќ пречекана без знаме“. Објавата дека пред Владата на Република Македонија немало српско знаме на пречекот на српската премиерка Ана Брнабиќ е дезинформација. Знамето на Република Србија се вееше заедно со знамето на Република Македонија на платото пред Владата, затоа бараме веста да ја повлечете и да го објавите овој демант.
Да не се правиме луди! И вие знаете и ние знаеме за кое знаме зборуваме.
За тоа на јарболот, бевме, видовме. Точно е дека знаме на јарболот има и тоа никој не го негира. Еве, и фотографија имаме.
Но, ако сте забележале, освен тоа знаме, друго нема. А ова високово, не се гледа ниту на вашите фотографии, па за потпрепа на демантот сте испратиле видеоинсерт. И онака, веста е напишана во контекст со погрешеното знаме на австрискиот канцелар Себастијан Курц, зад кого се вееше знамето на друга држава. Знаете, што претставува дипломатски скандал. Зад српската премиерка знаме немаше. Тоа е и прикажано на фотографиите. Двете! Таа со Ана и таа со Себастијан.

И Меркел сте ја пречекале со знаме, па додека се интонираат химните знаеме кој дошол и од каде.
Вашата нетрпеливост кон нас како медиум не познава граници исто како и глупоста. Но, повлечете рачна, имате поголеми непријатели од Република и тие се во вашите редови.
Секое добро, Владина прес-службо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.