Заев потпиша договори со Бугарија и Грција кои наместо да решаваат проблеми, тие создаваат дополнителни проблеми, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во Топ Тема.

Ова што ни се случува и со Бугарија и со Грција за оваа условеност за пакет, а и изјавата која што денес ја имаме која што е крајно еден потсмев пред се кон држава. Зоран Заев пред се е премиер и вели во однос на посетите се уште е рано да се каже, такво нешто се мисли на средба со Мицотакис, иако господинот Заев често оди во Солун и Халкидики. Вакоо понижување на јавна сцена не знам како поинаку да го протолкувам, изјави Николоски.

Нема да дозволиме потпретседател на влада да вели дека македонските политичари се добри Бугари само на маса и кога пијат ракија, нити кога ВМРО-ДПМНЕ ќе има претседател на државата и претходно кога имаше може да се случи ова што се случи со Мило Ѓукановиќ денес да самиот оди да положи цвеќе на Гоце Делчев, да му е срам на претседателот на Македонија да положи венец заедно со црногорскиот претседател пред најголемата историска личност на оваа држава. Тоа е вистината која што за жал денес ни се случува, потенцираше Николоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.