На вечерашново обраќање во Македонската филхармонија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски потсети дека економската катастрофа се прикрива со вештачки теми.

Па така ако што лажно се прикажуваа за Европејци, продолжуваат лажно да се прикажуваат за душегрижници за соживот. Нема нема, па ќе им текне да направат некаков договор под радар, како оној што се зборува дека бил направен во Тетово а кој премиерот не го негираше. Па ќе  стане тема пописот кој сакаат да го наместат или промена на изборниот модел, а на крај под прашање ќе се постави и политичкиот карактер на државата. И во тоа ветување Заев само за да си ја осигура фотељата нема мера. И ако може за сето ова да се обвини ВМРО ДПМНЕ дека премногу радикално сме реагирале со неколку етикети попатно. Но овој пат така не може. Ниту пак ВМРО-ДПМНЕ ќе наседне. Заев не е за никаков соживот. Зошто ако му беа важни другите заедници и му беше важен соживотот ќе изградеше водовод во Арачиново, Училиште во Желино, спортска сала во Куманово и редица други проекти. И јас  власта никогаш нема да ја гледам низ призма на тоа колку романтичарско заводливи теми можам да отворам и ветам, туку колку можам да исполнам за граѓаните кои насекаде подеднакво лошо живеат. И власта во оваа држава не зависи ниту од Али, ниту од Бујар, Села или Гаши, исто како што не зависи ниту од мене или Заев. Туку зависи и од Марко, Идриз, Агим, Стојан, Шпреса, Марија и илјадници други граѓани. Власта зависи од народот кон кој треба да се обврзи и да му ги решиш реалните проблеми. Мојата борба е за подобар стандард и подобар живот. Сите договори со партиите кои ќе ги правам ќе бидат токму на оваа основа, на принципи и вредности. Земјава е уморна од романтизмот и стапиците на власта кои не носат ништо добро, рече тој.

Мицкоски ја спомна и фамозната метла.

И не постои метла та која ја ветуваа. Тој процес завршува во ново фијаско, каде сосема извесно е дека си создаваат круг каде едни функционери слични на другите ќе си ги заменат фотељите, ако воопшто тоа се случи. Но таму Заев и неколкумина како него се проблемот. Народот му спрема метла на Заев, а потоа, потоа треба да се обнови земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.