Во вкрстеното распрашување од страна на обвинетиот Бојан Јовановски до сведокот Орце Камчев на второто рочиште од „Рекет“,тој побара од бизнисменот да не му се обраќа на „ти“ туку да му персира.

Во еден момент Боки 13 го запраша Камчев дали од него во ресторанот „Суши“ побарал јавнообвинителски совет, на што бизнисменот му одговори:

Ти не си адвокат со тебе да се консултирам за јавнообвинителски совет. 

Адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски, пак, го праша Камчев дали се сеќава на првата средба со Боки 13, на што овој одговори:

Да ми е девојка ќе се сеќавав. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.