Да се откажеш од химната на својата татковина, да ја избришеш од учебник е исто како да им ја забраниш на првачињата да ја изучуваат македонската азбука, коментира на Фејсбук Владимир Блажев – Панчо од ДНК.
Јас за моите деца сум сигурен дека ќе ги научам и воспитам да ги почитуваат сите луѓе без оглед на етничка припадност, но сум уште посигурен дека гордо ќе ја пеат и научат химната на Македонија од почеток до крај, а за вашите не знам. Секој со своето. На дното му нема крај, пишува Панчо.
На крајот од објавата во постскриптум замолува статусот да не се користи за политички цели бидејќи, како што вели, химната е на сите жители на Македонија, без оглед за која политичка партија се определени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.