Во свеченото обраќање на 29-тиот роденден на партијата ВМРО-ДПМНЕ претседателот Христијан Мицкоски, меѓу другото, им се обрати на „оние кои немаат трпение, па се обидуваат брзоплето да креираат сценарија во кои се знаат“.

Дали можеби историската брзоплетост и нетактичност во дадени моемнти го чинела макединскиот народ непотребна жртва во борбата за самостојна и независна држава. Немањето трпение, чекајќи го вистинскиот момент кога треба да се зададе конечниот удар. Се поставува прашањето дали поради тие изливи и крици ние денеска треба повторно треба да повториме историска грешка од минатото и да војуваме со туѓи синови во неизвесна иднина. Дали треба да ги повториме истирските грешки кога не сме биле доволно трпеливи во нашата честита и истрајна борба за самостојна држава со име Република Македонија. 

Мислам дека храброст не ни недостасува, напротив. Македонскиот народ докажал дека е храбар, дека е мудар. Ајде да бидеме трпеливи. Да одиме чекор по чекор. Ајде сите заедно да го поразиме Зоран Заев. Ајде да ги поразиме Зоран Заев и ДУИ. Да создадеме влада која макотрпно ќе работи, ќе се натпреварува самата со себе, да ја внесе Македонија во семејството на европските народи. Па таму, толку колку што сме, толку колку што не има, а не има доволно, да победиме однатре, да ги убедиме нашите сојузници и пријатели за македонската посебноста, за вековната борба на македонскиот народ за суверена и независна сопствена држава Република Македонија.

Ако сега погрешиме, ако сега избрзаме, се плашам дека ќе нема следна генерација Македонци ќе може многу бргу да ја коригира таа грешка. Ајде трпеливо, мудро да ја градиме нашата иднина, повика Мицкоски.

Ајде да го видиме македонското сонце како нова ѕвезда на знамето на обединета Европа, па однатре да работиме за македонската кауза и за македонската држава. Јас така ја гледам иднината и заштитата на националните интереси на македонскиот народ и македонската држава. Дојдете да се обединиме, вратата е отворена, придружете ни се заедно да го растераме ова зло кое надвиснало над Македонија, рече Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.